Да се изгради личен бренд денес е од клучно значење особено ако сте претприемач. Секој што има пристап до интернет и социјалните медиуми може да привлече следбеници, да се позиционира како експерт и да привлече клиенти за својот бизнис.
Личниот бренд е она што ќе ве одвои од конкуренцијата, ќе им помогне на следбениците и клиентите да добијат добар впечаток за вас. Повеќето луѓе сакаат да следат други луѓе отколку одредени компании.
Како да го посtигнете тоа?
Бидете она што сте
Не се менувајте во зависност од луѓето и ситуациите во коишто сте. Бидете свои и не глумете некој друг. Ако сакате да имате свој личен бренд покажете кои сте и останате автентични и конзистентни.
Давајте за да добиете
Споделувајте ги информациите, создавајте содржина. Зборувајте со луѓе од индустријата за тоа што го знаете, дозволете им и на нив да имаат пристап до податоците.
Фокусирајте се на вашата силна страна
Не се обидувајте да бидете одлични во сè. Тоа е невозможно. Фокусирајте се на вашата најсилна страна, она во што сте најдобри и според тоа изградете го брендот. Објаснете им на луѓето како вашата ”супер моќ“ ќе создава вредност и што сè ќе успее да направи.
Покажете кои навистина сте
Добар личен бренд треба да ја покажува вашата експертиза, но и вашиот карактер. Ако покажете само колку сте добри во нешто, луѓето ќе се двоумат дали е тоа доволно за да ве следат. Но, ако откриете малку повеќе за себе, во комбинација со знаењето што го имате ќе добиете полн погодок.
Фото:Pixabay