Како да купите евтин авио билет?

43

Фото: Pixabay

Можеби имате страв од висина или не сакате да летате, но ако дестинацијата до која треба да стигнете е подалечна, во тој случај авионскиот пат ќе биде најсоодветен. Факт е дека авио сообраќајот е еден од најбезбедните начини да се стигне до посакуваната дестинација. Дополнително, овие совети може да ви бидат од корист кога купувате авио билет.

Кога е најдобро да се купи авио билет

Нема да заштедите доколку купите билет неколку месеци претходно. Се смета дека оптималниот период е два месеци, а некои од авио компаниите откриваат дека авио билетите се најевтини седум до осум недели пред лет. Ако станува збор за подолго патување, се препорачува купувањето на билетот да биде околу 10 недели пред датумот на летот. Како денови за кои се препорачува да се купи билетот се понеделник, вторник и четврток.

Не чекајте долго за да го купите билетот што ви одговара

Одредени интернет страници, како пребарувачи, така и авио компании, ги меморираат пребарувањата најчесто преку IP адреса. Па, доколку повеќе пати се врши пребарување на ист авио билет, тие добиваат знак дека тој што пребарува е заинтересиран да го купи билетот и ја подигнуваат цена. Станува збор за психолошка игра за да се помисли дека наскоро нема да има билети или дека значајно ќе поскапат. За да се избегне таква ситуација, постојат три опции: веднаш да се купи билетот, да се промени интернет страницата или компјутерот или да се постави private на пребарувањето.

Не патувајте за време на празници

Вообичаено, сите кои живеат во странство ги користат празничните денови да се вратат во родниот крај. Исто така, повеќе луѓе се слободни во тој период, па решаваат да патуваат и се создава поголем метеж, а со тоа и повисоки цени. Освен празниците, и летниот период е динамичен и многумина патуваат до некоја туристичка дестинација со авион. Затоа, како опција може да биде купување авио билет преку туристичка агенција и преку таканаречен early booking (рана резервација).