Како да менаџирате со исклучителен продавач

68

tim

Фото: Pexels

Сакате да го подобрите својот бизнис? Тогаш е време да ги “ослободите“ своите продавачи. Економските времиња стануваат сè понеизвесни, компаниите се обидуваат ги зголемат продажните операции и да освојат поголем удел на пазарот, но правилното водење на успешен тим за продажба бара посебни техники.

Исклучителните продавачи имаат цврст карактер. Тие се типови на луѓе опишани како социјални и вербално агресивни. Тие се оптимисти, добри убедувачи, визионери на големата слика, ориентирани кон тимот и имаат позитивен став.

Исклучителните продавачи, исто така, имаат тенденција да решаваат проблеми и да тежнеат кон остварување на резултати. Но, исто така може да бидат импулсивни и да имаат нереални очекувања што предизвикуваат несогласувања и проблеми со менаџерите.

Овие неколку совети ќе ви помогнат полесно да менаџирате со исклучителни продавачи.

Не создавајте правила

Избегнувајте да создавате правила. Исклучителните продавачи сакаат слобода, тие сакаат автономија. Усогласеноста не функционира за овие луѓе. Никогаш немојте да им кажете што не можат да направат, бидејќи тие едноставно ќе ја фокусираат својата креативност на изнаоѓање начини за надминување на вашите правила.

Бидете тренер

Прашувајте, а не им кажувајте на вашите исклучителни продавачи што да прават. Замолете ги да се стават во позиција на одредено прашање и да дискутираат за различни можни опции. Нека го поседуваат решението за она што е пречка.

Нека го прават она што го прават најдобро

Со цел да ги мотивирате и ефективно да ги водите продавачите, размислите што им е важно и што ги води напред. Ако имате вработени кои не се добри во пишување предлози, но се одлични во продажба, пуштете ги да продаваат.

Почитувајте ги

Парите не се секогаш главен двигател. Важно е да го почитувате вашиот тим.