Како да му се допаднете на шефот

31

businessman-2365545_960_720

Фото: Pixabay

Можеби одлично се согласувате со колегите, но сепак односот со шефот не е онаков каков што сакате да биде. За да бидете сигурни дека сте направиле сè да му/ѝ ги освоите симпатиите, исполнете ги следниве неколку работи:

Бидете запознаени со неговите/нејзините приоритети

Прво и основно треба да знаете што сака шефот и кои му/ѝ се приоритетите. Така ќе знаете од каде треба да тргнете.

Негувајте позитивен став

Никој не сака луѓе со негативен став. Колку и да сте стручни и обучени, ако не сте оптимистички расположени, нема да бидете ничија омилена личност.

Почитувајте го времето на шефот

Доколку не е во состојба да ве прими или не може во моментот да разговара со вас, почитувајте го тоа. Вратете се кога ќе има време да ви се посвети.

Обидете се сами да ги решавате проблемите

Не барајте помош на првата ситна препрека. Претпоставените ги сакаат оние вработени кои сами успеваат да ги решат проблемите.

Побарајте совет (доколку ви треба)

Секако доколку сте се обиделе и не сте успеале да излезете на крај со некоја работа, слободно прашајте и побарајте совет од шефот. Подобро така, отколку да направите некоја грешка без претходна консултација.

Внимавајте на секој детаљ

Будно внимавајте на секој детаљ, следете ја ситуацијата. Не дозволувајте да бидете отсутни. Работете со внимание и трудете се тоа да биде беспрекорно.

Заблагодарувајте се

Зборот благодарам има голема моќ што честопати ја заборавме. Кажувајте благодарам секогаш кога ќе има прилика за тоа. Така шефот ќе знае дека умеете да ги цените работите.

Зборувајте отворено

Не се затскривајте зад зборовите. Бидете искрени и зборувајте отворено. Само така ќе можете да решите евентуален проблем.

Правете го тоа што го зборувате

Ако сте ветиле дека ќе извршите одредена задача, тоа нека биде така. Не бидете од оние што напразно зборуваат.

Преземете одговорност (без изговори)

Доколку направите грешка, преземете ја одговорноста. Во ниеден момент не се обидувајте да обвините друг или да ја прикриете грешката.