Како да најдеме време?

25

vreme

Фото: Pixabay

Наместо постојано да се жалите на другите и на себе си дека немате доволно време за ред работи, размислете за што всушност можете да одвоите време и фокусирајте се на тоа.

Вреднувајте го вашето време ако сакате и другите да го ценат.

Кога работата ќе ве притисне и ќе бидете навистина ”слаби” со време, игнорирајте го секој имејл.

Присвојте ја навиката да не обрнувате внимание на мејлови (кога ќе се укаже шанса), макар тоа било и на половина час во денот.

Користете го времето за работи кои навистина вредат.

Завршувајте го работнот ден во предвиденото време и не дозволувајте работата да ви се провлекува цела вечер.

Ако ги користите социјалните мрежи за работа, закажете време за објава на вашите статуси и новости. Нема потреба да бидете онлајн цело време.

Направете равизија за тоа како го користите времето во текот на неделата. Така, нема да се прашувате каде ви “оди” времето.

Анализирајте ги резултатите, каде најмногу губите време, на што сакате да го трошите, каде постои простор за одвојување на повеќе време и слично.

Направете листа што според вас е квалитетно потрошено време. Истата нека содржи пет нешта.

Што е она што го троши најмногу вашето време и енергија?

Доведете ги тие нешта на потребниот минимум. Со времето што ќе го добиете работите ќе ги извршувате поефикасно и со поголема енергија.

Не ги потценувајте малите паузи. “Батериите” можат да се наполнат и за десетина минути.

Откријте кој метод на работа повеќе ви одговора и држете се до него. Работа под притисок кога имате рокови или пак сте од оние што резервираат добра порција време за секој проект или задача.

Она што е најважно и се препишува за секој од нас е свесноста за она што навистина го сакаме. Ако знаеме што навистина нè прави среќни треба да најдеме начин како добар дел од времето да потрошиме на тоа.

Понекогаш потрошеното време наместо пари е токму она што ни треба.