Како да направите кариерна промена

32

Фото: Pexels

Доколку ја мразите работата што ја работите и не пронаоѓате задоволство во неа, вие губите време и животна енергија. Работата е место на кое најверојатно го поминувате поголемиот дел од денот и недопустливо е да бидете незадоволни со истата.

Не постои совршено време за кариерна промена

Не можете да пораните или задоцните. Ќе знаете кога е вистинско време. Ако веќе подолго време не се пронаоѓате онаму каде што сте, тогаш треба да кажете збогум. Можеби имате некоја идеја што долго време “тлее“ па сега е вистинско време да ја претставите на светот.

Бидете реални

Без разлика која е вашата одлука по давањето отказ, не заборавајте да бидете реални. Ако сте веќе 10 години во некоја маркетинг агенција, а сега сакате да станете менаџер на ИТ фирма, треба време за да се создадат услови за вакво нешто. Затоа, имајте реални очекувања и од себе и од околината. А во меѓувреме научете се` што е потребно и стекнете искуство кое ќе ве однесе на нова позиција.

Ниедна работа не е совршена

Бидете флексибилни и помирете се со фактот дека ниедна работа не е совршена, дури ни онаа што вие ќе ја создадете. Најважно е да ги знаете вашите приоритети и да донесете одлука прикладна со истите. Кога еднаш ќе дадете отказ, нема назад.

Направете истражување

Разговарајте со пријателите, разгледајте ги социјалните мрежи и погледнете што луѓето со сличен профил на вашиот работат, каде работат и како се задоволни. Можеби некој ќе ви препорача нешто што претходно не ви паднало на памет. Добро преиспитајте се, ставете на хартија се`, пред да донесете одлука.