Како да направите успешна промена во кариерата

44

slika

Фото: Pexels

Промена на кариерата значи инвестирање во вашето време и пари. Како и секоја инвестиција важно е да бидете информирани пред да започнете со промената. Пред да направите промена во кариерата ова се чекорите што може да ги преземете за да ги зголемите шансите за успех.

Одлучете дали ви треба промена во кариерата

Пред да почнете да размислувате за промена на кариерата треба да одлучите дали навистина ви е потребна. Можеби потребно е само да најдете нова работа, што е полесно од целиот процес на “преуредување“ на кариерата.

Проценете се себе си

Ако одлучите дека ви е потребна промена во кариерата треба да си ги оцените вредностите, вештините, интересите користејќи алатки за самооценување (тестови). Алатките се користат за генерирање на листа на професии коишто се сметаат за соодветни врз основа на вашите одговори на серија прашања.

Одлучете што ви е важно

Ова е најдобро време за внимателна самоиспитување. Запрашајте се што е тоа што навистина сакате да го правите во животот. Многу луѓе кои сакаат да ја променат кариерата тоа го прават за да создадат рамнотежа помеѓу нивниот личен и професионален живот.

Информирајте се повеќе за областа која ве интересира

Информирајте се повеќе за областа која ве интересира. Читајте списанија и посетувајте ги настаните од конкретната област за која имате интерес. Дознајте дали вашата целна индустрија има потенцијал за раст.

Проширете ја мрежата на контакти

Почнете да ги негувате професионалните пријателства. Посетувајте настани за вмрежување и саеми за работни места.

Напуштете ја сегашната работа

Вашата одлука за промена на кариерата можеби била инспирирана од губење на работа. Во тој случај не мора да се грижите за напуштање на вашата работа. Но, ако сте вработени треба да ги известите претпоставените дека планирате да ја напуштите работата.