Како да не дозволиме егото да му наштети на бизнисот

68

ego

Фото: Pixabay

Егото умее да направи проблеми во бизнисот за коишто, честопати, претприемачите не се ни свесни. Добро е да се биде супер паметен, вешт и снаодлив во полето каде се дејствува. Сепак, тоа не значи дека лидерот мора да биде секогаш во право, во центарот на вниманието и сите работи да потекнуват од него.

Тоа е погубно за секој бизнис, особено поради фактот дека денес повеќе од било кога е потребна соработка и добри меѓучовечки односи и никој не сака претприемач што гледа само да извлече корист за себе, целосно занемарувајќи ги потребите на останатите.

Како да се надмине овој проблем, во продолжение:

Признавање

Првиот чекор кон потиснување на егото е признавањето дека имате проблем. Штом ќе станете свесни дека сопственото однесување придонело за негативни резултати, работите ќе почнат да се менуваат. Не ретко его епизодите се резултат на страв или лажна гордост, односно потреба да се прикажете како паметни, да бидете во право или да бидете прифатени како дел од одредена група. Се случува егоцентричното однесување да потекнува од потребата да се победи по цена на другите. Сите овие примери ја поткопуваат вашата функција како лидер и токму тоа треба да ви биде појдовна точка кон промената.

Покорност

Друг начин да го донесете вашето его до здрава граница е да практикувате покорност. Во бизнисот ова значи признавање дека не се врти сè околу вас, важни се луѓето на кои им служите и нивните потреби. Вистинското лидерство што секој човек го бара е соодветна доза на покорност што го разбудува најдоброто кај другите, било да се тоа вработени, пријатели, соработници… Покорноста е вештина да се разбере дека лидерството се состои во водење и служење на другите, а не чекање другите да ви служат.

Учење

Финалната стратегија за ребаланс на егото е постојаното учење. Без разлика дали водите голема компанија или сте сами во бизнисот, треба континуирано да учите од другите луѓе, да слушате што имаат да кажат и да не се потпирате само на алчното ЈАС. Можеби сте паметен човек, но и најпаметните имаат уште многу да научат. Ценете ги идеите, вештините и мислењата на другите, така егото нема да надвладее и да предизвика хаос во вашата глава и проблеми во бизнисот.