Како да одбиете колега, а сепак да останете тимски играч

26

kolega

Фото: Pixabay

Велејќи “Тоа не е моја работа“ кога колегата или шефот од вас ќе побараат услуга, може да му наштети на вашиот напредок во кариерата. Постојат начини да се каже не, без да звучите грубо.

Наместо тоа, учтиво објаснете ја вашата желба да помогнете, но сте ограничени со време за завршување на своите обврски и задачи.

Овие стратегии ќе ви помогнат да одбиете дополнителна работа, а да останете тимски играч.

Наместо “Тоа не е моја работа“, обидете се со “Сакам да помогнам, но не можам веднаш“

Преземањето на некој друг проект без да размислите може негативно да влијае на финалниот производ на вашата и работата на колегата. Бидете искрени со себе си за вашето работно оптоварување со цел да избегнете да преземете премногу. Одвојте неколку минути да го проверите вашиот распоред со листа на задачи коишто треба да ги завршите. Може да го прашате вашиот шеф дали некои задачи може да се одложат за да му помогнете на член од тимот. Ако не можете да помогнете на колегата, тогаш посочете некој друг кој може тоа да го стори. Никогаш не лажете дека немате слободно време, бидејќи ако ве откријат колегите тие ќе почнат да ве гледаат во негативно светло.

Поставете временска рамка

Одлична вест за вашиот колега е кога навистина имате време да помогнете. Успехот на колегата влијае врз вашиот и успехот на компанијата. Но, не треба да ја заборавите вашата  to – do листа и затоа посочете во кој временски период од денот ќе може да помогнете на колегата.

Ако сакате да ве гледаат како тимски играч (и некој кој се грижи за неговиот или нејзиниот сопствен развој на кариерата) треба да преземете нови одговорности. Така може ќе научите нова вештина или да откриете дека уживате во нешто за кое никогаш не сте помислиле дека ќе ве исполнува.

Ако велите “Тоа не е моја работа“ или “Не е моја одговорност“, тогаш оставате лош впечаток и испраќате порака дека не сакате да се движите напред.