Како да одгледате успешни деца

169

Мајката на Илон Маск, еден од најбогатите и најуспешни луѓе, Мајe Маск станала самохрана мајка на три деца кога имала 31 година. Живееле во Јужноафриканската Република, а водела бизнис за нутриционизам.

Нејзиниот најстар син Илон Маск е основач на компанијата за електрични автомобили Tesla и компанијата SpaceX. Вториот син, Кимбал, основал ланец ресторани каде храната се сервира од фарма до маса. Најмладата ќерка Тоска продуцира и режира филмови.

Често поставувано прашање е како успеала да одгледа толку успешни деца.
Одговот што го дава Мајe е дека ги научила напорно да работат и следат своите интереси. Таа вели дека никогаш не чувствувала вина бидејќи работела полно работно време, бидејќи немала избор. Грижата за децата и било приоритет и работела напорно за да им обезбеди кров над глава, храна и облека.

Почнала да работи од осум години. Нејзиниот татко имал киропрактичарска ординација, а Маје и нејзината сестра помагале. Биле плаќани по пет центи на час. На 12 години почнала да работи и како рецепционерка во ординацијата.

“Родителите се однесуваа кон нас како кон возрасни, на кои може да им се верува, а нивното влијание е видливо на тоа како јас ги воспитав своите деца. Од мали нозе ми помагаа во мојот нутриционистички бизнис“, вели Мајe.

Таа вели дека ги одгледала децата на истиот начин како што ја одгледале нејзините родители: да бидат независни, пристојни, искрени, емпатични. Ги научила напорно да работат и да прават добри работи.

Нека одлучуваат сами

“Не ги третирав како бебиња. Никогаш не им одредував со што ќе се занимаваат. Не ги проверував нивните задачи, тоа беше нивна работа. Кога пораснаа, продолжија да преземаат одговорност за својата иднина преку одлуки кои сами ги носеа“, истакнува мајката на трите успешни деца.

Според неа, децата не треба да се заштитуваат од реалноста и одговорноста.

“Пуштете ги децата сами да се грижат за упис на факултет или наоѓање на работа. Тие треба да бидат одговорни за својата иднина. Ако сакаат да започнат свој бизнис и мислите декаљ тоа е добра идеја, поддржете ги. Научете ги децата на добри манири, но и пуштете ги сами да одлучат што сакаат и да се борат за тоа“, заклучува Мајe.

Фото: Facebook