Како да одите на одмор, а да не излезете од дома

87

Доброто расположение кое преовладува кај луѓето додека патуваат нагло се прекинува со изолација поради ширењето на коронавирусот. Патувањата што беа планирани за следниот период се одложени. Сепак, тоа не значи дека треба да бидете заробени. И покрај глобалните инструкции да останете дома, постои начин да се патува низ светот и да се следат препораките да не излегувате надвор.

Светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страна

Светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страница од неа, вели средновековниот филозоф Свети Августин.
Кога сте спречени да патувате, постојат неколку начини вашиот ум да отпатува до егзотични дестинации. На пример со помош на книга.

Многу наслови се достапни на интернет. Одберете патепеси и уживајте, а ако сте филмски тип голем е спектарот на филмски наслови кои ќе ве одведат на далечни дестинации.

Експериментирајте со рецепти

Филмот и книжевноста не се единствен начин за имагинативно патување во овој период. Погледнете интересни рецепти од различни земји и гответе. Направете “светска турнеја“ со француска, италијанска медитеранска кујна.

Време за семејството и пријателите

Можеби не можете да поминете квалитетно време со своите најблиски на некое патување, но сега го имате времето за дружба дома.

Јавете се на пријатели и семејство кои се во странство (или дури во вашиот град). Никогаш не било поевтино или полесно да разговарате со саканите ширум светот, и веројатно е дека и тие се чувствуваат осамени. Искористете ја оваа можност да го промените тоа само со внесување на пораки. Ако социјалното растојание значи дека не можеме да патуваме лично и не можеме да ги гушнеме своите најблиски, решението може да биде да ги зголемиме придобивките од технологијата.

Фото:Pixabay