Како да останете смирени?

43

smireni

Фото: Pixabay

Во виорот на информации и обврски, од клучно значење е да останеме смирени и присебни без разлика колку ни бил лош денот или состанокот. Еве неколку начини како да го направиме тоа:

Утрински ритуал

Најголемиот број на луѓе утрото го започнуваат со брзање и стресно. За тоа да не биде така, разбудете се малку порано и започнете со некој утрински ритуал што вам ви одговара, но гледајте тоа да биде тивко. Медитација, запишување на дневен план, топол напиток и слично ќе ви помогнат полесно ќе се расоните и мирно да го започнете денот којшто и онака ќе донесе бурни моменти.

Обрнете внимание на своите реакции

Немојте да верувате дека реакциите се непроменливи. Некои луѓе плачат некои се гневни… секој различно реагира на стресни ситуации. Трети пак успеваат да се помират со ситуацијата и ако последиците не се големи, за кратко време забораваат што се случило. Пробајте да ги предвидите и бидете спремни за реакциите што можат да следат.

Не доживувајте сè лично

Не значи дека ако некој грубо ви одговорил на прашањето, има нешто против вас. Секој човек има грижи за коишто вие не сте воопшто виновни. Светот не се врти околу вас и колку побрзо го разберете тоа, толку подобро ќе успеете да останете смирени.

Бидете благодарни

Ова е една техника што ако успеете да ја применувате во животот, стресот ќе се намали на едно незначително ниво. Оставете ги работите што ги немате, никој не може да има сè. Престанете да се жалите, размислете на она што го имате и бидете благодарни за тоа.

Фокусирајте се на една работа

Дали сте од оние што постојано прават неколку работи одеднаш? Ако одговорот е ДА, тогаш сте пронашле начин да го зголемите нивото на вознемиреност. Се додека сте зафатени со повеќе задачи истовремено нема ништо да завршите како што треба.