Како да останете со “ладна глава“ во услови на криза

135

Коронавирусот направи вистински хаос не само кога е во прашање јавното здравје, туку и општеството во целина. Кога се работи за бизнисот, тој се соочува со сериозни предизвици, па затоа важни се советите на експертите како да се остане смирен во услови на криза.

Според познатиот биолог, Чарлс Дарвин, треба на сè да се прилагодиме. Тој тврдел дека опстануваат оние кои можат да се прилагодат, не оние кои се најинтелигентни или најсилни, а тоа може да се пренесе и на компаниите.

Стабилноста на една компанија зависи од начинот на којшто лидерите реагираат во овие ситуации, а паниката никому не му носи добро. Од друга страна, добро е да се знае дека лажниот оптимизам не е добар, туку само треба да се направи план.

Менаџерите треба да си постават одредени прашања за да избегнат одредени болни последици во иднина. Треба да ги анализираат сегментите коишто можат да значат пониски трошоци, а тоа да не се одрази во врз компанијата.

Дури и ако нема некоја директна или непосредна изложеност за компанијата, менаџерите треба да имаат на ум дека клиентите ќе ги ревидираат своите навики за трошење. Клучно е менаџерите да не бидат изненадени и да немаат соодветен одговор во такви ситуации.

Иако за експертите, короновирусот не е прва криза, а нема да биде најверојатно ни последна, важно е да се остане смирен и да им се одолее на сите предизвици и удари што доаѓаат од страна. Сите се под стрес, тоа е повеќе од јасно, но тоа не значи дека треба да се “крене раце од сè“ и долгогодишниот труд, напор, вложено време и енергија, да бидат залудни.

Фото: Pixabay