Како да оставите добар прв впечаток што трае

34

optimizam-1-pixabay

Фото: Pixabay

Секој сака да остави добар прв впечаток што нема да избледне во скоро време. Во секоја животна ситуација сакаме да се покажеме во најдобро светло и да бидеме запаметени по добро.

Експертите велат дека треба да внимаваме на следниве работи.

Бидете смирени

Кога другите луѓе ќе видат колку сте смирени во секоја ситуација ќе сакаат да соработуваат и да ви се доверат. Самодовербата што ќе ја покажете ќе го изнесе вашите способности на виделина. Кога другите ќе видат како лесно се справувате со сè, самите ќе станат порелаксирани без разлика дали станува збор за прва средба или не.

Смејте се, но не премногу

Насмевката мора да биде вообичаен дел од вашата појава, особено ако се состанувате со некого за прв пат. Тоа не мора да биде гласна, нападна насмевка, доволно е само дискретно да се насмевнете. Внимавајте да не правите нагли промени од широка насмевка до сериозно лице, тоа ќе покаже дека не сте искрени.

Бидете интересни

Трудете се да бидете интересни. Нема да погрешите ако зборувате за интересни факти или ако се обидете да дадете добронамерен совет. Музика и филмови спаѓаат во интересни теми, како и некоја анегдота што потврдено била интересна за многумина. Сепак, воздржете се од интимни прашања, религија, политика и било какви осетливи теми.

Обрнете внимание

Денес сè поретко успеваме да го задржиме вниманието со паметните телефони и социјалните мрежи на дофат. Голема грешка е кога се запознавате со некој да го држите вашиот мобилен во рака, а уште понекултурно е да прифаќате повици или да читате нешто. Игнорирајте сè во тие неколку клучни моменти и обрнете внимание на личноста пред вас.

Фокусирајте се на другата личност

Лесно е да се занесете во кажување на она што го знаете и умеете. Но, кога се сретнувате со некого и сакате да оставите долготраен прв впечаток, фокусирајте на тоа што има другата личност да каже или покаже. Секој сака да се осети важен и да биде ислушан, а токму добрите слушатели се помнат. Затоа, бидете еден од нив и посветете го вниманието на соговорникот.

Пронајдете заеднички интереси

Заедничкиот интерес е многу важен. Ако пронајдете нешто што би ве поврзало со личноста која ја среќавате, ќе имате одлична тема за дискусија и еден чекор напред да бидете допадливи и запаметени. Без разлика за што станува збор, дали е тоа преференција во храната, заеднички познаник, место каде сте престојувале и двајцата/двете започнете го разговорот со таа тема.