Како да оставите одличен впечаток за една минута

35

nasmeana

Фото: Pixabay

Просечниот човек губи концентрација по само осум секунди, велат експертите. Според тоа немаме многу време да оставиме добар впечаток кај луѓето и затоа треба да бидеме што поинтересни, особено во важните разговори како вработување, состаноци и преговори.

Еве неколку трикови како тоа да се постигне:

Приказна што поврзува

Кога некој ќе ве праша што работите, немојте да бидете сувопарни: Јас сум тој/таа и работам тоа. Наместо тоа кажете приказна што ќе ве поврзе со таа личност. Така полесно ќе ја задржите концентрацијата кај соговорникот и ќе останете запаметени.

Исфрлете го деловниот жаргон

Трикот е во тоа да ја познавате личноста со која што зборувате. Не користете технички изрази, поврзани за вашата работа, освен ако не разговарате со некој од истата индрустрија што ја познава вашата професија. Ако зборувате јасно и разбирливо, вашите зборови ќе останат во сеќавање кај секој соговорник.

Додадете некоја анегдота

Интересна анегдота ќе го задржи вниманието на луѓето многу повеќе, а вие ќе бидете соговорник што го сакаат. Докажано е дека хуморот и смеењето ги поврзува луѓето. Затоа трудете се да внесете доза насмевка во разговорите.

Истакнете нешто заедничко

Потенцирајте доколку имате заеднички познаници или сте оделе во исто училиште, факултет… било каква работа што ќе ве поврзе. Штом ја пронајдете таа поврзаност, на добар пат сте да бидете запаметени.

Подарете комплимент

Вистинскиот комплимент и убав збор ќе придонесе за топла и пријателска атмосфера. Сепак, при првата средба, ќе биде добро да се држите до комплименти што се поврзани со работата.