Како да остварите продуктивен еден-на-еден состанок со членовите од тимот

82

Состаноците во четири очи со членовите од тимот умеат да бидат непродуктивни. Сепак, тие се многу важни за двете страни, менаџерот добива вредни информации за вработениот, а работникот има можност да праша и каже што мисли во доверба.

За максимално да се искористат овие средба, експертите препорачуваат менаџерите да го прашаат следново:

Како се чувствувате во вашата работна улога?

Кој дел од работата ви е омилен, а што не сакате да правите?

Ако можете да бирате, што би работеле следниот месец?

За што најмногу сакате да добивате фидбек?

Што моментално ви е најголем предизвик?
Што досега сте направиле за да се справите со тоа?

Дали можете да примените нешто од претходното искуство за сегашните задачи?

Можам ли некако да ви помогнам доколку имате одредени проблеми со некој проект?

Дали сакате да бидете вклучени во нешто друго, да добиете поинаква улога?

Фото: Pixabay