Како да откриете кога некој лаже

57

finger-924109_960_720Фото: Pixabay

Не е секогаш лесно да се препознае лажна од вистината изјава. Без разлика дали станува збор за вработен, колега, партнер, шеф… еве неколку трикови како да препознаете дали некој ве лаже или има искрени намери.

Пребрзо и пресамоуверено реагирање

Личноста која поседува голема самодоверба нема да им покаже на сите колку е добра. За разлика од нив, несигурните луѓе мораат да нагласат колку се самоуверени бидејќи тоа е единствен начин за да сфатиме дека се такви. Всушност, несигурната личност се обидува да се прикаже како самоуверена, дури и лоша, за да надополни како таа вистински се чувствува и мисли за себеси. Едноставно, се обидува да наметне слика за своето лажно јас.

Драматични изрази

Кога се работи за преговори, личноста која постојано кажува изрази како: ќе си одам, мораш да направиш онака како што јас ќе речам, нема да се задоволам со тоа, ќе ме изгубиш… е најчесто личност која лаже. Во вакви ситуации, со сигурност можете да знаете дека овие луѓе не одат никаде, туку блефираат.

Најважно е што мислат другите

Самоуверената личност која не лаже, не ја интересира во какво издание ќе се прикаже пред очите на другите. Неа не ја интересира сликата што ќе ја даде за себе, за разлика од личноста која лаже и блефира и на која единствено и е важно што мислат другите за неа и дали и како ќе и помине лагата кај нив.