Како да постапите ако имате долг од еден денар на годишната даночна пресметка

102

Граѓаните кои во Годишната даночна пресметка (ГДП) имаат долг од еден денар не треба да го плаќаат.

Долгот од еден денар се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата и да се пребие, велат од Управата за јавни приходи.

На 31.05.2021 година, истече законскиот рок за потврда или корекција на ГДП за доходот кој е остварен во текот на 2020 година.

Фото: Freepik