Како да постапите со проблематичен работник

50

bonding-1985863_960_720

Фото: Pixabay

Умешноста на еден менаџер е во доброто менаџирање не само на бизнисот туку и на вработените. Честопати се случува некој вработен да биде “непослушен“ и да не ги исполни зададените обврски. Како да постапите во таков случај дознајте во продоложение.

Не го игнорирајте проблемот

Нивниот лош став и однесување, можат да го намалат моралот и продуктивноста на другите ваши вработени, особено ако тие вработени преземат дополнителна работа за да избегнат интеракција со тоа лице. И ако проблематичните вработени се во интеракција со вашите клиенти, тоа дури може да доведе до губење на бизнисот. Треба да зборувате со вработениот за проблемот веднаш штом ќе биде евидентирано, пред да излезе од контрола.

Не избегнувајте конфликти, соочете се

Не ги избегнувајте конфликтите, туку справуваjте се со нив директно и рационално. Ако не можете да се справите со конфликт, менаџментот веројатно не е вистинската работа за вас. Најдобрите менаџери не избегнуваат конфликти, туку се соочуваат со нив. Запомнете, ќе треба да продолжите да работите со истите луѓе во иднина.

Обидете се да ги видите работите со туѓи очи

Полесно е да се каже отколку да се направи… Но, може да има причини зошто со одредено лице е тешко да излезете на крај. Запрашајте се кои се причините. Ако може да ја разгледате проблематична ситуација во целост и да стекнете увид во тоа зошто некој постапува вака или онака, ќе дојдете до конструктивно решение.

Побарајте помош кога ви треба

Ова е лесен чекор, но често се занемарува. Побарајте мислење од вработен на чија пресуда верувате. Тоа не е знак на слабост. Тоа е разумна одлука.

Поставете јасни мерливи цели за работа

Зошто не би сакале да имате кристално чисти цели за коишто вие и вашите вработени би можеле честопати да разговарате за да бидете сигурни дека тие се на вистинскиот пат? Тоа го прави оценувањето на перформансите поконкретно и помалку небулозно. Кога проблематичниот работник не постигнал одредени цели, ќе имате конкретна тема на дискусија.

Задржете го професионалниот однос

Бидејќи имате бизнис, а не личен однос со лицето, треба да се потрудите да ги задржите работите на професионално и учтиво ниво. Сепак, вработениот бил ангажиран да изврши одредена работа, а не да ви стане пријател.