Како да препознаете дали банкнотата од 2.000 денари е фалсификат

1280

Во рамките на Глобалната недела на парите, Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа “Со Народната банка во светот на финансиите”, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите” е предвидено да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови.