Како да препознаете дека е време за нова работа

17

rabota

Фото: Pixabay

Понекогаш луѓето не можат да ги забележат знаците што покажуваат дека е време за промена на работното место и кога да се направи нов чекор кон градење на кариерата.

Еве неколку патокази што ќе ви помогнат да видите дали треба да завртите нов лист.

Ако некој ве праша “Што работевте пред три/четири години?”, но вие не можете веднаш да се сетите од причина што годините поминати на работното место на некој начин се спојуваат во вашиот ум, тоа значи дека е време за промена.

Не можете да одговорите на прашањето “Кои се трите клучни вештини што некој како вас треба да ги поседува за да може да се ‘продаде’ денес на пазарот?“, зошто едноставно не знаете кои вештини им се потребни на луѓето.

Вашата биографија долго време не е обновена. Со години не се случиле промени што би ги вклучиле во вашето CV.

Ниедна задача или проект што го работите не ви претставува задоволство и не ве мотивира. Не наоѓате инспирација и сето тоа за вас е само нешто што треба да се заврши.

Едвај ги чекате настаните што се случуваат надвор од работното место, прослави, патувања, средби… сè што не е поврзано со работата.

Само што ќе излезете од канцеларија го исклучувате мозокот. Едноставно немате идеи како да работите од причина што веќе се чувствувате преморено или демотивирано затоа што вашите идеи никогаш не биле земени во предвид.

Веќе започнуваат да ви се вртат мисли од типот дека секоја работа е подеднакво лоша и никој не се забавува на работното место (што секако не е вистина.)

Премногу сте млади да размислувате за пензионирање, но сепак одвреме – навреме таа мисла ви поминува низ главата.

Не ви се допаѓа кога сретнувате нови луѓе и тие ве прашуваат што работите. Тоа е прашање на кое најмалку сакате да одговарате зошто едноставно не ви е грижа.

Станувањето наутро и одењето на работа е чин што би го одложувале додека можете.