Како да препознаете дека некој ве лаже според изразот на лицето

47

covecinja

Фото: Pixabay

Според експертите, може лесно да се одреди дали некој лаже или не доколку внимателно се следат изразите на лицето.

Покрај говорот на телото и вербалните индикатори, лагата може да се препознае и по движењето на очите, усните, главата… Некои од овие изрази се одлика на нервоза, додека останатите се предизвикани од хемиски или физички реакции.

Движење на погледот лево-десно

Ова обично се случува кога личноста почнува да се чувствува непријатно од причина што она што го зборува не е вистина.

Брзо трепкање

Кога луѓето се под стрес поради кажаната лага, честопати се случува да трепкаат забрзано едно по друго дури шест пати.

Поглед на десно (лево)

Луѓето што пишуваат со десна рака, кога треба да одговорат за нешто што виделе, погледнуваат нагоре и малку налево. Но, ако погледот се движи кон десно, голема е веројатноста да измислуваат. Леваците пак реагираат на обратен начин, поглед на лево значи дека лажат.

Затворање на очите што трае повеќе од една секунда

Во моментот кога кажуваат лага, луѓето ги држат затворени очите повеќе од една секунда.

Лажна насмевка

Вистинската насмевка е проследена со собирање на кожата околу очите и создавање на брчки. Кај лажната насмевка тоа не се случува.

Допирање на лицето

Кога се кажува лага, во телото се случува хемиска реакција што предизвикува чешање. Затоа ако личноста го допира или чеша своето лице, се обидува нешто да излаже.

Стегање на усните

Стегнати, бледи усни се знак за сушење на грлото, а тоа се случува кога некој не ја кажува вистината.

Засилено потење

Кога лажеме се потиме повеќе од вообичаено. Капки пот најчесто се забележуваат на челото, образите и позади на вратот.

Црвени образи

Ова е повеќе изразено кај жените. Црвенилото на образите кога некој лаже е несвесен рефлекс предизвикан од нервниот систем како резултат на ослободување на адреналин.

Тресење на главата

Ако некој благо ја тресе главата кога зборува, најверојатно не ја кажува вистината, односно ги негира сопствените зборови.