Како да препознаете дека “пукате“ од стрес

32

stres-glavobolka-pixabay

Фото: Pixabay

Стресот е еден од најголемите непријатели на човекот. Постигнување на роковите на работа или дома, да се завршат работите во последен миг, сообраќаен метеж, состаноци, сето ова може да предизвика стрес.

Хроничниот стрес со кој секојдневно се соочуваме не резултира секогаш со сериозни здравствени проблеми кои би ни сигнализирале дека е време за промена на животните и работните навики. Стресот тивко влијае врз нашиот организам, а еве кои се симптомите дека е време за промена.

Немирен сон

Со долгиот сон се зголемува и бројот на позитивни и убави сонови. Но кога сме нервозни и напнати, немирниот сон го заменува убавиот сон.

Имате вртоглавица кога станувате

Ви се случува да добиете вртоглавица кога станувате од кревет или стол. Oвој симптом е директна последица на недостаток на електролити.

Викенд главоболки и чести настинки

Слаби главоболки или интензивни мигрени може да се појават во текот на викендот кога се намалува нивото на стрес и напнатост. Хроничниот стрес исто така доведува до пад на имунитетот и телото потешко се бори против бактериите и вирусите кои нè опкружуваат.

Тешко се справувате со проблемите

Некогаш стресните ситуации сте ги дочекувале подготвено и брзо сте се справувале со настанатиот проблем, но сега не знаете од каде да почнете и како да ја намалите паниката. Ова се случува бидејќи по долга изложеност на стресни ситуации, способноста за толеранција и отпорност на стрес значително се намалува.

Кожни болести и појава на нови алергии

Воспаление на кожата може да биде знак за стресен начин на живот. Стресот го стимулира лачењето на имуноглобинот Е, протеин во крвта одговорен за алергиски реакции во организмот.