Како да препознаете дека сте на вистинското работно место

19

kancelarija

Фото: Pexels

Работата оди добро, одлично се сложувате со колегите, но сепак не сте сигурни дали сте на вистинското работно место.

Ако се двоумите во вашиот избор, еве десет причини што ќе ви помогнат да дознаете.

Вашиот претпоставен е личност која ја почитувате и можете искрено да разговарате со неа/него.

Менаџерот и останатите вработени ве ценат како личност и го вреднуваат вашиот придонес за компанијата.

Верувате во вашиот тим и знаете дека и тие веруваат во вас.

Вашата плата е соодветна за тоа што го работите и имате и други бенефиции што обично доаѓаат со позицијата на којашто се наоѓате.

Работата ви е интересна и претставува предизвик за вас. Постојано учите нови работи и сте поттикнати да давате сè од себе.

Една од важните теми во компанијата е енергијата и функционирањето на тимот. Организациската култура е помеѓу топ приоритетите на компаниските лидери.

Се чувствувате пријатно на работното место и не мора да глумите нешто што не сте. Можете слободно да се смеете, да споделувате идеи и да соработувате со колегите.

Можете искрено да зборувате за нешта на коишто треба да се обрне внимание, без разлика дали станува збор за технички, оперативни, филозофски или меѓучовечки прашања. За потребните работи се одвојува време и не остануваат нерешени.

Верувате во мисијата на организацијата, таа се поклопува со вашите цели.

Средината каде што работите е безбедно место и ја пружа потребната поддршка за вас и останатите вработени.