Како да препознаете дека сте “прегорени“ од работа

92

ckorce

Фото: Pixabay

Потсвесно, сите знаеме дека ако работиме премногу може да си наштетиме на личниот и професионалниот живот. Работните часови секојдневно ги надминувате, но треба да знаете дека така не може засекогаш да функционирате. Наместо да чекате да “прегорите“ од работа, обрнете внимание на знаците што ви укажуваат дека треба да направите пауза и земете одмор, пишува Entrepreneur.

Се будите со главоболки и мачнина

Слушајте ги знаците што ги испраќа вашето тело. Ако продолжите да ги потиснувате вашите чувства и емоции, може да си наштетите на вашето здравје. Мачнини, главоболки, замор во утринските часови се симптомите што не треба да ги занемарувате.

Сè почесто правите грешки

Ви изгледа дека сте имале продуктивен ден, но одеднаш сфаќате дека сте направиле многу грешки за неколку минути, за разлика од “нормалниот“ работен ден. Ова не значи дека сте лош работник, туку веројатно е знак дека сте преморени од работа. Во некои случаи грешките може да бидат ситни, но може да имаат и сериозни последици ако направите финансиска грешка или ако ракувате со машини.

Не сте мотивирани

Губењето на мотивацијата влијае врз вашата продуктивност. Ако тешко станувате од кревет и имате чувство дека не ви се работи ништо, земањето на одмор може да ви помогне да ги наполните батериите и да ја вратите мотивацијата.

Не сте фокусирани

Поголемиот дел од времето на работа го поминувате мечтаејќи за некое патување, играте игри на вашиот телефон или сте закачени на Facebook. Ова е предупредување дека не сте фокусирани на работа и време е да земете одмор.

Не се дружите со колегите, пропуштате настани

Најголемиот дел од времето го поминуваме на работа, а тоа значи дека многу време поминуваме со колегите. Кога сте изморени се случува да откажете состанок или да не појдете на забава организирана од вашата компанија. Ова секако не е добро, бидејќи истражувањата покажуваат дека дружењето со колегите од работа дава чувство на среќа, задоволство и исполнетост.