Како да препознаете кога соговорникот не ве слуша

55

slusa

Фото: Pixabay

Денешниот 24/7 живот ретко овозможува вистински фокус и поврзување меѓу луѓето. Постои епидемија на лажно слушање. Колегите на работа климаат со главите, пријателите лажно се смешкаат, а никој никого не слуша.

Како можете да оцените дали колегата, клиентот или пријателот вистински ве слуша, наместо да размислува што да каже следно? Постостојат неколку знаци што ќе ви покажат дали некој се преправа или е фокусиран на тоа што го говорите:

Контактот со очите е премногу фиксен и главите им стојат мирно

Тие сакаат да покажат дека се фокусирани на вас, но вистинскиот разговор е релаксиран, а не тензичен.

Се смеат гласно и многу долго

Возрасните луѓе се многу добри во контролата на лицето. Тие можат да се смеат со цел да ве охрабрат и да ви покажат дека се со вас и дека ве слушаат, а всушност ментално се отсутни.

Си ги допираат прстите

Поради начинот на кој што работи мозокот, намерите и емоциите се изразуваат прво во телата, па по девет секунди подоцна свесниот ум го фаќа чекорот. Нетрпеливоста излегуваа на површина во рацете на луѓето, било да е тоа допирање на прстите или проверка на телефонот.

Покажуваат нервоза

Кога личноста мрда со нозете, си игра со косата или континуирано го менува местото на седење се јасни знаци на дефокусираност. Константното движење и неможноста да се седи мирен се знаци на нервоза и недостаток на фокусираност.

Стојат подалеку од вас

Кога луѓето стојат подалеку од вас, или се навалуваат наназад кога разговарате, тогаш тие се дистанцираат од вас. Набљудувајте како луѓето го користат просторот. Движењето наназад најчесто е негативно.

Нозете им се насочени кон вратата

За подобар индикатор на нечии чувства, набљудувате им ги нозете на луѓето. Ако не слушаат, како самото тело да се труди да избега и нозете се насочуваат кон вратата.

Не го отсликуваат вашиот говор на тело

Кога две личности се внесени во конверзацијата тие исто така ги синхронизираат движењата на телата. Се движат на ист начин, во скоро исто време. Ако некој не ги отсликува вашите движења на телото и гестикулации, тоа значи дека најверојатно не е поврзан со вас.