Како да препознаете лажни вести во медиумите?

451

Освен пандемијата од коронавирусот, што го зафати целиот свет, во исто време се случува и таканаречена инфодемија – наплив на лажни вести коишто можат да создадат непотребна паника или да влијаат врз јавното мислење.

Иако не постои универзален начин за препознавање на лажни вести, Zimo.dnevnik.hr направи листа на неколку совети што би можеле да помогнат при детекција на лажни вести:

Проверете го изворот

Првото што треба да го направите е да ја проверите интернет адресата на којашто е објавена веста. Доколку никогаш претходно не сте чуле за оваа интернет страница, обидете се најдете повеќе информации (телефон, мејл, импресум). Ако не успеете да најдете ништо од наведеното, најверојатно не би требало да ги земате предвид информациите од овој медиум.

Проверете го авторот на текстот

Обидете се да најдете информации за авторот на текстот ако е наведен негов потпис и видете какви текстови има претходно објавувано. Ако нема информации за авторот, тогаш можеби се работи за лажна вест.

Проверете ги имињата што се спомнуваат во текстот

Можеби ќе прочитате вест во којашто се наведува како некој светски познат научник или лекар дава совети за справување, на пример, со пандемијата. Може да се случи името да не ви биде познато, па затоа пребарајте го и прочитајте ја неговата биографија. Ако не сте наише на информации за него, тогаш може да се посомневате дека се работи за лажна вест.

Проверете ја содржината

Обрнете внимание на информациите што се наоѓаат во текстот. Ако се наведуваат истражувања, бројки, анализи, обидете се да ги пребарате на официјални места.

Не им верувајте на насловите

Многу пати досега се случило на социјалните мрежи да се забележи вест со бомбастичен наслов што го привлекува вниманието. Но, штом се отвори може да се забележи дека текстот нема никаква поврзаност со насловот. Тоа е еден од најчестите примери за пласирање лажни вести.

Фото: Pixabay