Како да препознаете лош лидер

504

Секој може да има лош ден/ови, но доколку тоа премине во постојано однесување, треба да се запрашате дали си имате работа со лош лидер. Иако некои знаци се очигледни дека станува збор за несоодветно раководство, следните пет карактеристики се сигурен показател за лошо лидерство.

Отсутни се со мислите

Претпоставен кој е отсутен и не воспоставува конекција со своите вработени не е пример за лидер. Таквото однесување може да биде деструктивно за тимот, па и за целата компанија.

Не ги ценат своите вработени

Пример за лошо лидерство е кога претпоставениот нема да го признае трудот на член од тимот. Уште полошо е кога истиот ќе сака да го препише на себе.

Им недостасува емпатија

Најдобрите лидери ги познаваат своите следбеници, се радуваат на нивните среќни моменти и тука се за поддршка кога им е потребно. Знаат дека секој човек ги има истите емоции кои кога – тогаш излегуваат на површина.

Се кријат зад лажна насмевка

Има и такви “лидери“ кои се кријат зад лажни насмевки. Навидум изгледа дека сè е во ред, но зад затворени врати се случува нешто сосем друго, што неретко не оди во прилог на вработените.

Не даваат шанса за развој

Не им даваат на вработените шанса за напредок и понатамошен развој на кариерата. Едноставно тие се “заглавени“ каде што се, без простор да се оди на повисока позиција или да се учат нови техники и вештини. Освен пример за лошо лидерство, тоа може да доведе и до стагнација, па и назадување на самата компанија.

Фото: Pexels