Како да препознаете вистински лидер?

76

lider-pixabay

Фото: Pixabay

Проблемот на многу организации и компании е што не ги разликуваат добрите од лоши лидери, а за почеток е важно да се сфати дека лицето што е на позиција лидер не значи дека заслужува тоа и да биде.

Постојат многу начини како да се изработи профил кој нуди увид во проценката на способноста на избраниот лидер, но проблемот е што можат да бидат претерано аналитични и теориски, но често и пристрасни.

Најдобро може да се одреди нечија способност ако му дадеме одговорност и да видиме како ќе се носи со неа. Вистинскиот лидер ќе пронајде начин како квалитетно да ја заврши работата и без да има претходно искуство.

Его и ароганција не се добри особини за лидер

Лидерите без визија нема да успеат затоа што не можат да го мотивираат тимот. Работата на лидерот е да ја усклади организацијата со јасна и остварлива визија. Човек без интегритет и со слаб карактер нема да може да се носи со позицијата лидер, колку и да е интелигентен, љубезен и убедлив.

Иако никој не е совршен, лицата што константно имаат проблем со реализацијата не можат да бидат добри лидери, колку и да сакаат. Претходните резултати не се секогаш сигурен показател на идните случувања, но не смее ниту да се отфрлат. Важно е да се запамети дека е многу ризично да се задржи на позиција лидер некој кој не се покажал успешно. Без оглед на воочениот потенцијал, реализацијата е она што треба да се награди.

Најдобрите лидери се оние што се свесни што не знаат, но имаат желба да учат од другите. Немаат проблеми во комуникацијата и се добри слушатели.

Премногу его, гордост и ароганција не се добри особини за лидер. Вистинскиот лидер ја презема вината, а знае да пофали добро завршена работа. Накратко, ако лидерот нема доверба и поддршка од подредените, целата компанија нема добро да функционира.

Лидерот треба да е искрен

Недостатокот на мотивација кај челните луѓе секогаш е еден од најголемите проблеми за целата компанија. Ако лидерот нема мотивација, визија и цел, големи се шансите ни вработените да не се потполно посветени на работата.

Лидерите кои не ги насетуваат потребите на пазарот, ја водат фирмата во пропаст.

Водството без храброст е фарса. Храброста е потребна за се отворат нови можности, да се донесат тешки одлуки, да се признаат сопствените грешки и да им се простат грешките на соработниците.

Лидерите треба да бидат искрени, комуникативни и храбри, а акцентот треба да го ставаат на своите вработени. Сите добри лидерски особини паѓаат во вода ако односот со вработените не е на највисоко ниво. Фирмата е силна колку нејзината најслаба алка, затоа не допуштајте во вашето работно опкружување да има незадоволни работници.