Како да “преживеете“ на работа ако сте интровертна личност

132

Дури и еден обичен работен ден може да биде прилично стресен, ако сте интровертна личност.

Доколку сте од оние кои тивко си ја работат својата работа, не навлегуваат во канцелариските дискусии и подобро би изгледале зафатени отколку да размените некој збор, послушајте ги следниве совети.

Алтернативни начини за комуникација

Комуникацијата мора да се одвива помеѓу колегите и вработените. Не смеете целосно да се исклучите од случувањата на работното место. Ако не сакате вербално, изразувајте се преку мејлови, потсетници и слично. Важно е да бидете вклучени во сè како дел од тимот.

Кажете ги своите идеи

Интроверните личности се познати по логичкото и аналитичко размислување. Затоа, кога и да имате решение на некој проблем или добра идеја кажете ја. Така и другите ќе видат дека во вас се крие голем потенцијал, иако не се експонирате.

Не “собирајте“ во себе

Не акумулирајте гнев, страв, лутина, незадоволство… Сите негативни емоции можат само да ви наштетат. Не дозволувајте да станете раздразливи пред другите и да помислат дека нешто не е во ред со вас. За секој проблем на работа, разговарајте со колегата/колешката кој/а влијае на вашето расположение.

Време за вас

Во прегласна канцеларија можеби ќе ви биде тешко да се фокусирате на вашите задачи. Затоа, повлечете се настрана, односно одредете време кога ќе излезете надвор или во друга просторија за да воздивнете и да ги наполните батериите.

Добра подготовка за состаноци и презентации

И онака не е лесно за интровертна личност да држи презентации и да зборува на состаноци пред повеќе луѓе. Затоа, добро подгответе се, вежбајте и запишете ги целите што сакате да ги постигнете. Така елементот на изненадување ќе го сведете на минимум.

Фото: Pixabay