Како да прифатите критика на работното место

37

kritika

Фото: Pixabay

Само што завршивте со работата на проект кој вам ви изгледа одлично. Време е да ги слушнете заклучоците за сработеното од вашиот шеф. Критиките ќе ве направат само подобри во тоа што го работите, но воопшто не е лесно да ги слушате. Ви нудиме начин како полесно да се справите со критиките на ваша сметка.

Двапати проверувајте ја работата

Откако ќе завршите со работата, проверете ја повторно пред да му ја предадете на вашиот претпоставен. Тоа ќе ви помогне да ги избегнете грешките и да оставите впечаток на лице кое си ја знае работата.

Не си земајте сè при срце

Доколку некој колега ве критикува, имајте на ум дека тоа не значи дека не и/му се допаѓате или дека не сте доволно добар за работата која ја вршите. Можеби вашиот колега се труди се ви укаже дека е потребно да работите на најдобар можен начин.

Слушајте внимателно

Доколку ги игнорирате критичките коментари, повторно и повторно ќе ги правите истите грешки. Фаќајте белешки и размислете како да ги решите проблемите. Овој чекор е еден од најтешките бидејќи е потребно да си ја погазите гордоста и јавно да признаете дека не сте во право.

Запрашајте се што можете да научите од критиката

Доколку критиката ве наведе да почувствувате бес и нервоза, запрашајте се повторно што можете да научите од неа.

Согласете се со критиката

Обично луѓето кои се соочуваат со критика се фокусираат на нејзиниот негативен дел и го игнорираат останатото. Така не се решаваат проблеми и не се учи од нив. Кога ќе се согласите со одреден дел од критиката, станувате човек подготвен да научи нешто ново. Фокусот ќе се префрли на тоа како тимски да го решите проблемот и нема да се чувствувате нападнато.

Анализирајте го она што сте го слушнале

Потребно е време да се процесира информацијата, за дадената критика да ве доведе до решавање на проблемите и да ве спречи од правење на идни грешки. Доколку критиката ја слушате постојано, потребно е да размислите што треба да направите за да не ја слушнете повторно.

Не го држете бесот во себе

Да се остане вознемирен поради критика може да влијае на понатамошната работа. Ставете ги грешките на страна и размислете што е најдобро да направите пред следната зададена задача.

Запомнете, сè се случува со причина

Доколку вашиот претпоставен награди некој кој не ги исполнува своите обврски и не заслужува, не се нервирајте бидејќи на крај ќе сфатите дека и за вас има нешто подобро. Упорната работа и трпението секогаш на крај се исплаќаат.

Прифатете го фактот дека можеби некој друг го гледа тоа што вие не можете

И покрај тоа што на моменти не се согласувате со критиката, можеби некој од вашите колеги го гледа она што вие не можете ни да го предвидите. Затоа дозволете им и на другите да ги изнесат своите факти, можеби грешите.

И покрај критиката, бидете среќни и не дозволувајте таа да ве депримира.