Како да продадете стар стан којшто не е на топ локација

279

Продажбата на стан не е лесна работа. На цената на станот влијае неговата локација, во кој дел од градот се наоѓа, на кој кат, ориентацијата, а потоа и уреденоста и изгледот на целата зграда.

Ви пренесуваме четири совети за подобра продажба

Ангажирајте агенција, професионалци кои ќе го свртат вашето внимание каде грешите, но исто така и фотографираат професионално. Иако е важно да не се продава “мачка во торба“, квалитетните фотографии сигурно создаваат впечаток дека сте посериозен продавач. Започнете со себе: дали повеќе би сакале да погледнете во стан чии фотографии се светли, со висока резолуција или оној чии фотографии се темни или матни? Исто така, агентите имаат добри преговарачки вештини и ќе знаат паметно да ве советуваат.

Бидете отворени, но не и наметливи. Нека клиентите гледаат во станот во мир. Дозволете му на агентот да разговара и да објасни повеќе, а помалку и вие, затоа што го познавате само вашиот стан, а експертот ја разбира општата состојба на пазарот на недвижнини.

Ако веќе продавате стан, доцна е да инвестирате. Едноставно, некое големо реновирање нема да ви се исплати. Оставете му го на потенцијалниот купувач, кој ќе може да го уреди имотот според неговиот вкус. Но, ако станот е дотраен, тоа значи дека цената мора да биде пониска, односно на почетокот, пресметајте колку пари се потребни за (целосно) реновирање.

Исчистете го просторот. Стварите честопати можат да го “задушат“ просторот, како што се мебел, расфрлани играчки, облека, опрема за вежбање, обидете се да ги запалите сите светла во станот и да обезбедите што е можно повеќе природно светло.

Фото: Pixabay