Како да работите брзо и ефикасно

35

jobФото: Pexels

Времето е пари, а новите обврски и документи за средување се чини дека немаат крај. Но, наместо да бидете под стрес што ви се зголемил обемот на работа, искористете го тоа во ваша полза, применувајќи ги овие неколку трикови што ги користат и најуспешните бизнисмени.

Бидете иновативни

Штом забележите дека стариот систем според којшто досега сте ги исполнувале обврските повеќе не функционира, време е за промени. Развијте нова рутина и проверете дали истата ќе го забрза темпото со коешто работите.

Користете стратегија

Пред да се впуштите да завршите било каква работа, треба да имате на ум која ви е крајната цел. Што точно сакате да биде постигнато при комплетирањето на обврската? Така нема да лутате непотребно трошејќи си го времето и ќе се фокусирате директно на целта.

Бидете храбри

Животот е толку динамичен што не секогаш ќе имате време да размислите пред да одлучите за нешто. Затоа, овде е многу важно побрзо да ги донесувате одлуките, а притоа секако, да си ја слушате интуицијата за истите.

Фокусирајте се

Не само што треба да бидете фокусирани на крајната цел, туку треба кон истата да ги мотивирате и вашите колеги. Помогнете им да ја видат “големата слика“, креирајте натпреварувачка околина и наградете ги најинспирираните. На овој начин не само што вашиот тим ќе биде мотивиран, туку и работата ќе биде побрзо завршена.

Давајте инструкции

Луѓето ќе бидат поекспедитивни доколку имаат едноставни и јасни инструкции што точно треба да направат. Логично е дека ако знаете што треба да правите, многу полесно ќе го сработите тоа, а тука најважна улога има двонасочната комуникација.