Како да работите надвор од канцеларија?

26

laptop-3233653_960_720

Фото: Pixabay

Кога било кое место може да биде ваша “канцеларија”, правилата можат многу лесно да се менуваат. Сепак за да го задржите темпото на работа, важно е да си поставите правила за работа во непредвидливото опкружување.

Фокусирајте се на она што е важно

Кога сте надвор од канцеларијата, ресурсите што ги имате на располагање, се прилично ограничени. Од просторот во којшто работите, до алатките што ви се потребни, како интернет врската којашто може да се изгуби во секој момент. Кога решавате работни задачи, завршете ги најпрво оние што се неодложливи, додека оние кои може да ги делегирате или да ги завршите подоцна, оставете ги да почекаат.

Планирајте

Доколку имате договорени состаноци, погрижете се да се појавите на време. Почитувајте го туѓиот распоред, како што сакате другите да го почитуваат вашиот. Но, немојте да очекувате дека ќе можете сите обврски да ги завршите во планираното време,. Без разлика дали се работи за непредвидливи околности, метеж во сообраќајот или состанок којшто се оддолжил секогаш оставете си време помеѓу состаноците, за да се осигурате дека нема да доцните.

Секогаш бидете подготвени

Непланираните останоци што или сообраќајниот метеж, доколку одите на подолг пат, можат да бидат причина за празна батерија на вашиот мобилен или латоп. Обезбедете си се што ви е потребно, но во верзија за патување. Полначи за во автомобил, резервни батерии и сета технологија што помага во вакви случаи. Сигурно не би сакале да изгубите клиент, затоа што не можел да ве добие на мобилен.

Бидете умерени

Кога не сте во канцеларија, може да изгубите повеќе време и да сфатите дека работите по цел ден. Со ваквото темпо може да се носите ден или два, но доколку ова ви стане постојан начин на функционирање, може да имате намалена концентрација и да направите грешки што никогаш не би ги направиле кога сте одморени. Затоа, погрижете се добро да се одморите.