Како да работите со луѓе кои имаат големо его

62

ego

Фото: Pixabay

Постои голема разлика помеѓу самодовербата и егото. Самодовербата е здрава и потребна, а големото его е одбивно. Личноста со големо его не прифаќа дека згрешила, секогаш е во право, сака да победува и не сочувствуваат. Комуникацијата со личност која има големо его може да биде тешка, но постојат неколку начини преку кои можете да постигнете ефективна комуникација.

Внимавајте со нападот

Разговарајте за прашања и предлози без лични напади. Личните напади само ќе поттикнат напната атмосфера кај личноста со големо его и нема да се согласи со она што ќе го кажете. Дури и ако ги натерате да погледнат во синото небо и им речете дека тоа е сино, ако ги навредите тие ќе најдат виножито на небото и нема да се согласат со вас. Затоа, држете се до вашата поента и внимателно со навредите.

Поставете барање без наредба

Кога имате некакво барање од личност со големо его, тоа не треба да звучи како наредба. Воздржете се од употреба на зборови со заповеден начин.

Поставете граници

Во соработката со егоистична личност треба да знаете кога да одите напред , а кога да се повлечете. Ако сакате да го извлечете најдоброто од луѓето со кои работите, понекогаш треба да го “храните“ нивното его. Пофалба и убав збор може да бидат клучни за успешна соработка. Внимавајте да не претерате со “размазување“. Ако нечие его ја премине границата и почне негативно да влијае на работната средина, обидете се да разговарате и објаснете го тоа. Ако тоа не ви успее, разговарајте со претпоставениот или членовите на тимот и започнете заедничка акција.

Бидете сигурни

Кога разговарате со ваква личност не смеете да покажете слабост. Ако на личност со големо его ѝ ја покажете својата несигурност, ќе мисли дека е поважна и повредна од вас.

Држете се до факти

Држете се до цврсти факти и обидете се да заборавите на емоциите (фрустрација, лутина) барем додека сте во близина на “големото его“.

Не се обидувајте да ја разберете личноста со големо его

Ако се обидувате да ја разберете личноста со големо его само ќе ја зголемите вашата фрустрација. Оваа личност честопати не е рационална и не може да го гледа светот од ваша перспектива. Прифатете го фактот дека оваа личност на светот и луѓето околу себе ги гледаат поинаку од вас.