Како да разликувате битно од итно

68

itno

Фото: Pixabay

Во извршувањето на секојдневните работни и семејни обврски се трудиме да им помогнеме на сите. Честопати се случува брзо да реагирате на некоја ситуација, кога постојано ве бомбардираат со неколку работи одеднаш коишто треба да ги извршите и да изгубите многу време. За да воспоставите ред и да ги извршите обврските потребно е добро да размислите пред да почнете во извршувањето на работата. Овие совети ќе ви помогнат да го разликувате битното и итното, пишува Akta.

Направете листа на приоритети

Итните работи може да ви одземат многу време, ако тоа го дозволите. Можеби одредена итна работа може да почека да се заврши или не е многу итна. Додека ја решавате ваквата ситуација, важните проекти – оние за коишто ви е потребно време и концентрација за да ги довршите сè повеќе ги туркате надоле на вашата приоритетна листа. Напредокот се постигнува кога ќе го извршите она што е битно, а не она што е итно.
Направете листа за тоа на што го трошите времето и енергијата во текот на денот. Откријте колку енергија трошите на извршување на итните работи коишто би можеле да ги делегирате или елиминирате од листата. Издвојте ги приоритетите. Направете место за важните работи и почнете да ги извршувате.

Не бидете чувствителни

Нормално е да сакате да го решите секој проблем или конфликт што ќе се појави. Постојаното чувство на грижа може да ви одземе време и енергија. Ако ја фокусирате енергијата на разрешување на итна ситуација ќе ве оттргне од остварување на важното. Издвојте ги само најитните од итните ситуации, а останатото проценете го уште еднаш.

Не се плашете од делегирање

Можеби мислите дека само вие можете да го решите проблемот, а другите не можат да ги исполнат вашите очекувања. Со ваков став само ќе се запрашувате кога ви поминало времето, а не сте извршиле поголем дел од работата. Научете се да препуштате работи на другите. Вежбајте делегирање на работите коишто не бараат неопходно ваше внимание.