Како да размислувате како богаташ

258

Бизнис консултантот Лоли Даскал, која досега работела со над стотина милионери и милијардери, ја открива тајната на нивниот успех. Тајната на нивниот успех, според нејзе, не се сведува само на една посебна навика, рутина или особина.

Со други зборови, тајната за успехот започнува со вашата психологија, а не со конкретните активности што ги преземате. Даскал вели дека треба да знаете кои сте и што сакате пред да започнете да влијаете врз другите.

“Постојат многу книжевни публикации на пазарот за тоа како да се успее. Повеќето книги велат “сторете го тоа и вие ќе бидете“, но не функционира на тој начин. Она што навистина треба да го направиме е да разбереме кои сме внатре.

Кога ќе знаете кои сте, можете да препознавате “кога има недостатоци во тоа кои сте и што знаете“, пишува Даскал во својата книга The Leadership Gap. И тоа може да биде корисно.

“Како лидер, мора да се чувствувате удобно кога се прашувате себеси, кога ќе престанете да прашувате, вие престанувате да учите и кога престанувате да учите, вие престанувате да водите“, потенцира Даскал.

Она што ги раздвојува најбогатите и најуспешните луѓе од просечните личности е тоа што тие се отворени за учење, менување и растење како лидери.

“На крајот на краиштата, ако сакате да имате размислување и став на милијардер, треба да сфатите кои сте“, вели Даскал.

Фото: Facebook