Како да се надминат предизвиците на компанијата според нејзиниот животен циклус

47

ЦЕЕД Македонија ве поканува на отворен бизнис настан на тема Како да се надминат предизвиците на компанијата според нејзиниот животен циклус. 

Говорници на настанот ќе бидат Питер Риги и Јован Маџовски од ЦЕЕД Глобал.

Настанот ќе се одржи на 27.03.2019 во просториите на ЦЕЕД Хаб Скопје од 15 до 16 часот, а ќе биде наменет сопственици, извршни директори и менаџери на микро, мали и средни компании.

Заинтересираните своето присуство треба да го најават на следниов линк.

Питер Риги е ко-основач и директор на ЦЕЕД и има повеќе од 14-годишно искуство од областа на економскиот развој и иницијативите на приватниот сектор во брзорастечките пазари. Пред да го основа центарот за развој на претприемачи и менаџери Риги раководеше со SEAF организација за развој на бизнисот, задолжена за директни консултации и техничка поддршка за сите компании од нејзиното портфолио.

Јован Маџовски има 15-годишно работно искуство во меѓународни организации како што се US Peace Corps, USAID, UNDP,  инвестицискиот фонд SEAF и ЕУ. Маџовски е доктор на економски науки – Управување со човечки ресурси и е овластен менаџмент консултант и тренер за човечки ресурси.