Како да се намалат трошоците

60

novcanik

Фото: Pexels

Секој претприемач сака да ги намали трошоците, но притоа да не предизвика негативен ефект врз ефикасноста на работењето. Тоа може да се постигне со малку поинаков пристап кон работите. Внимателно анализирајте и пронајдете ги оние трошоци што можат да бидат намалени. Еве неколку чекори како тоа да се направи.

Чекор 1

Најпрво направете добра ревизија на вашите бизнис трошоци и издвојте ги тие што најлесно можат да се елиминираат без да предизвикаат негативен ефект. На пример купувањето на грицки и слатки и слично за вработените, без кои денот секако може да пројде. Сакате да им покажете на вработените дека ви значат? Доделете им диплома за постигнат успех, симболично, но со далеку поголем ефект од купувањето на непотребни работи.

Чекор 2

Направете евалуација на трошоците за вработените. Бидете сигурни дека секој од нив е платен според заслугите. Понудете работа со скратено работно време, трошоците во однос на бенефициите за вработените ќе бидат намалени.

Чекор 3

Доколку е можно, пратете некој до вработените или сите да работат од дома. Така ќе заштедите во однос на секојдневните трошоци на работното место, а истовремено и вработените ќе заштедат пари и време.

Чекор 4

Инвестирајте во еколошки штедливи светилки, поставете термостати и регулирајте ја потрошувачката на енегрија. Обезбедете прозорци кои се добри изолатори, и не ги оставајте светилките да горат ако не е потребно. Користете ја дневната светлина колку што можете повеќе.

Чекор 5

Купувајте на големо, во дисконти и направете нов договор за услуги. Опремата обезбедете ја директно од произведувачот или од препродажба.

Чекор 6

Контролирајте ги телефонските трошоци, трошоците за лична хигиена, како и оние за потрошниот материјал при копирање. Тоа ќе ви помогне да заштедите на “долги патеки”.