Како да се облекувате на +30 и да изгледате професионално

38

clothes-hangers-582212_960_720

Летните горештини започнаа, а облекувањето за на работа во топлите денови почнува да станува стилска загатка – како да се облечете, а да бидете професионални. Целта е да се чувствувате удобно, а преку облеката да ја изразите вашата индивидуалност и креативност. Овие неколку совети ќе ви помогнат да изгледате пристојно и убаво во жешките денови.

Летен стил за жени

Удобни сандали и балетанки

Заборавете на високите потпетици и јапонки. Чевлите коишто имаат потпетица повисока од 7,5 сантиметри не се соодветни за работа. Јапонките се носат на плажа, а не на работа. Изберете удобни балетанки или кожни сандали што ќе може да ги користите во секоја прилика.

zena

Бела кошула

Носејќи бела кошула никогаш нема да згрешите. Може да ја носите со фармерки, здолниште, панталони.

Долго здолниште

Долгото здолниште стои добро на секоја жена. Кога носите долго здолниште, се чувствувате сигурно и пријатно. Одберете ведри и светли бои, бидејќи летото и сонцето сакаат светли пастелни бои.

Минимално со накитот

Кога имате добри очила за сонце, тоа е доволен детаљ. Не мора да претерувате и да ставате големи обетки, алки, ланчиња. Не носете повеќе од три акцесоари.

Летен стил за мажи

maz

Ленени панталони, маици, кошули

Носете ленени панталони и комбинирајте ги со маица во крем боја. Маиците во линии никогаш не излегуваат од мода. Може да бидат со различни дебелини и комбинации на бои. Кошулите нека бидат во светли бои. Не носете бермуди на работа, бидејќи тоа не е професионално.

Сандали и мокасинки

Чевлите заменете ги со сандали или мокасинки. На работа може да носите сандали, но да не бидат многу отворени. Кожните сандали секогаш се во тренд и никогаш нема да погрешите.

Фото: Pixabay