Како да се одржи баланс помеѓу бизнисот и приватниот живот?

43

balans

Фото: Pixabay

Балансот помеѓу работата и приватниот живот понекогаш е навистина тешко да се одржи. Напорната работа како претприемачи за малку ќе го срушеше нивниот седум годишен брак, но Бред Фелд и Ејми Бечлер успеaја да ги надминат проблемите и дури напишаа книга за нивното искуство, Startup Life: Surviving and Thriving in a Relationship with an Entrepreneur.

Во книгата брачниот пар ги опишува потешкотиите со кои се соочуваат сопружниците кога се обидуваат да балансираат помеѓу рабоатата и приватниот живот.

Еве неколку совети кои Бред и Ејми ги даваат на сите кои се соочуваат со слични проблеми.

Резервирајте си време еден за друг

Бред, извршен директот на Foundry Group, вели дека никогаш не треба да се закажуваат битни состаноци и активности во петок. Тоа може да одземе многу повеќе време од планираното, па така петочната работа да стане и работа за викендот. Затоа се што имате да завршите, завршете го до петок и викендот посветете го на вашиот партнер.

Престанете со реактивното однесување

За една врска да биде успешна, треба да се избегнува реактивно однесување на секој проблем. Следниот пат кога ќе добиете “итен” мејл за време на фамилијарниот ручек, запрашајте се како вашата реакција ќе влијае на врската. Многу од нас мислат дека партнерството, бракот се постојани и дека парнерот “не оди никаде”, но во животот не е баш така.

Романсата нека биде бизнис одлука

Романсата нека биде важен елемент од вашиот живот. Таа е исто толку важна за ослободување од стресот, како вежбањето и здравата исхрана. Затоа сметајте ја како важна бизнис одлука. Таа ќе ве направи среќни, ќе ја зголемува концентрацијата, а со тоа ќе придонесе за успех на секое поле.

Не ја “внесувајте” работата во спалната соба

Вашата спална соба нека биде сензуално место за уживање, слатко бегство од секојдневните работни обврски. Место каде што ќе можете да се одморите и релаксирате – место ослободено од технологијата. Во спалната соба нека има само елементи кои придонесуваат за комфорност, како ламби со придушено светло, мека постелнина и неколку екстра перници. Разговарајте со вашиот партнер пред да заспиете, тоа е добар начин да се поврзете по напорниот работен ден. Оставете го лаптопот, телефонот и сето она што може да ви попречи во разговорот.  Или како што велат Бред и Ејми “Вашата спална соба треба да биде свето место ослободено од стресот кој го носи денешното време.”