Како да се “откачите“ од нервозата пред важен состанок

291

Дојде денот кога пред своите колеги треба да ја претставите својата нова бизнис идеја. Иако сте ги разработиле и извежбале сите детали, нервозата пред одржување на состанокот не ви дава мир. Овие неколку трикови ќе ви помогнат да ја сведете нервозата на минимум и уживате во презентацијата на својата идеја пред другите.

Добар појадок

Празниот желудник може да доведе до тоа да се чувствувате како воопшто да немате енергија во телото. Затоа, денот започнете го со обилен оброк, за да не мора подоцна да се концентрирате на храната. Појадувајте, напијте се кафе и ќе бидете подготвени за почеток на работниот ден.

Однесувајте се нормално

Не “трчајте“ наоколу говорејќи дека сте нервозни пред претставувањето на идејата. Наместо тоа, уверете се дека сè е во ред и ништо нема да тргне наопаку. Ако некои колеги се обидат да ве заплашат, стојте понастрана од нив и бидете во друштво со оние кои веруваат во вас.

Играјте со антистрес топка

Стискањето на анти стрес топка ќе ги опушти вашите мускули и ќе го “избрка“ стресот.

Побарајте мотивациски изреки на интернет

Мотивациските изреки нема само да ве смират, туку и ќе ве наполнат со позитивна енергија.

Никој не е совршен

Прифатете го концептот “никој не е совршен“. Запрашајте се кое е најлошото сценарио што може да ви се случи. Ниедно од вашите сценарија најверојатно нема да биде реално. Прифатете дека никој не е совршен, па така и вие.

Не се плашете од стравот

Прифатете го стравот како составен дел од животот. Немојте да се борите против него. Како што вели поговорката “стравот лозјето го чува“, имајте го тоа на ум.

Не ја заборавајте насмевката

Најважните работи во животот започнуваат со насмевка. Затоа украсете го вашето лице со насмевка.

Фото: Pexels