Како да се пронајде вистинскиот бизнис партнер?

31

rakuvanje

Фото: Pixabay

Пронаоѓањето на вистинскиот бизнис партнер е еден од најбитните чекори во градењето на бизнисот. Тој или таа треба да ја дели вашата страст, но и да ги дополнува вашите слабости.

Еве што треба да имате заедничко со вашиот бизнис партнер:

Страст

Вистинскиот партнер ќе ја сослуша секоја ваша идеја, па макар и тоа било во 3 часот по полноќ и ќе реагира со скоро иста доза на возбуда како вас.

Цели

Да се биде во потполна согласност со целите и ставовите особено на почетокот на бизнисот е тоа што ќе ве движи напред и понатаму во заедничкото работење.

Локација

Навистина е тешко целосно да се посветите на нов бизнис кога со партнерот се наоѓате на различни локациии. Најдете партнер со кој ќе можете да зборувате во живо.

Посветеност

Партнер кој посветува само мал дел од времето на работата не е вистинскиот бизнис партнер за вас. Тоа може да води само до расправии. Посветеноста кон бизнисот треба да е обострана и приближно еднаква.

Мотивација

Двата бизнис партнери треба секогаш да се мотивираат меѓусебно. Лесно е да се биде мрзлив. Затоа мора да најдете партнер кој ќе ве “турка напред”, и обратно.

 А еве во што треба да се разликувате:

Идеи-реализација

Ако вие сте визионерот, човекот со идеите, најдете партнер кој ќе знае тие идеи да ги реализира.

Лева-десна страна на мозокот

 Доколку вие сте кретивниот, вам ви треба партнер кој ќе биде настроен аналитички. За успешен бизнис потребно е двете страни на мозокот да функционираат како што треба, креативната и аналитичката.

Продажба – производство

Умеете на сит да му продадете храна? Ако ве бидува за продажба тогаш најдете партнер кој ќе го направи продуктот, и обратно.

Проблеми-решенија

 Ако вам ви е полесно да го видите проблемот, тогаш вашиот партнер мора да биде добар во решавање на истиот.

Гас – кочница

 Имате поголеми амбиции од бизнис партнерот? Тоа е сосема во ред. Потребни се и гасот и кочницата за да може возилото да се движи напред. Така е и во бизнисот. Треба да се знае кога да се забрза, а кога да се прикочи.