Летото веќе ни најави дека ќе биде пеколно топло, а живата на термометарот го потврдува тоа. За да можете полесно да ги преживеете високите температури, потребно е да го разладите просторот во којшто престојувате, но без да се грижите дека на крајот на месецот ќе платите висока сметка за струја.
Одржувајте умерена температура
Добро е да се знае дека не се препорачува премногу ниска температура на разладување, бидејќи тоа значи и поголема потрошувачка на електрична енергија за да се постигне температурата. Експертите сметаат дека оптималната температура што треба да ја одржувате во просторијата во којашто престојувате е околу 25 степени. Така, клима уредот полесно ќе ја постигне и ќе ја одржува температурата и ќе биде поекономична во однос на потрошувачката на струја.
Користете ролетни или завеси
Светлината што доаѓа од надвор, особено во најтоплиот дел од денот, има големо влијание врз температурата во просторијата, иако е можеби климатизирана. За да го постигнете посакуваниот ефект, тогаш спуштете ги ролетните или завесите до оптимално ниво за да спречите преголемо зрачење од надвор и пробив на топлина.
Разладувајте ги само просториите каде што седите
Доколку имате поголем простор во домот или канцеларијата, но работите само во една просторија, тогаш нема потреба да ги разладувате сите. Така полесно ќе ја постигнете посакуваната температура, за пократко време, а што е поважно и климата ќе биде поекономична во потрошувачката на струја.
И на крајот, не заборавајте кога планирате да излезете од разладената просторија, оставете малку време додека да се прилагоди организмот. Не излегувајте веднаш од премногу ладна просторија надвор, каде температурата е премногу висока. Истото важи и за излегување од климатизиран автомобил.
Фото: Freepik