Како да се разликувате од конкуренцијата

15

molivi

Фото: Pixabay

Ако сакате да владеете на пазарот и на клиентите да им бидете избор број, еден морате да се разликувате од конкуренцијата.

Со малку повеќе труд и поголема креативност, тоа може да се постигне.

Прво што треба да направите е да се специјализирате за одредена услуга и за одредена група на клиенти. Треба да знаете во која насока се движи вашиот бизнис, не можете да понудите сè на секого.

На клиентите треба да им ги понудите оние работи за кои што сте сигурни дека сте најдобри. Ако сакате да привлечете одреден профил на клиенти, вниманието насочете го кон нив и нивниот тип на работа. Така ќе имате поголеми шанси да ја продадете својата услуга или производ.

Рекламата може да биде навистина моќна, затоа потрудете се да биде што покреативна. Рекламирајте се преку веб страници, на друштвените мрежи, а најважно од сè е да разговарате со луѓето.

Притоа бидете јасни и на едноставен начин објаснете им на потенцијалните клиенти зошто треба да ве одберат токму вас. Не заобиколувајте и не раскажувајте приказни.

Луѓето денес немаат време за неконкретни предлози. Јасна и концизна информација многу подобро продава.

Секако, морате да бидете стручни и да го поседувате потребното знаење за тоа што го нудите. Во спротивно нема да можете да го претставите на соодветен начин, нема да звучите убедливо, а шансите да продадете нешто ќе бидат минимални.

Со самото тоа што ќе бидете поинакви и подобри од конкуренцијата, успехот ќе стане и подостижен. Сепак не заборавајте да останете професионални до крај – не критикувајте и не озборувајте, тоа може само лошо да влијае на вас.