Како да се решат секојдневните проблеми во малите бизниси?

47

pazli-1

Фото: Pixabay

Сопствениците на мали бизниси по природа се оптимисти и превземаат ризици во работењето. Сепак тука се поставува прашањето дали сте ја поминале границата која го дели оптимизмот со илузијата?

Да се има надеж на кратки патеки е лесно. Желбата за клиенти кои помалку ќе бараат, помотивирани работници и повеќе пари на сметка бара многу помалку интелектуална работа и емоциии отколку да се направи фер проценка на вашиот бизнис.

Да се погледне во проблемите кои вешто сакате да ги избегнете знае да биде навистина тешко. Но сепак само така може да тргнете од мртвата точка и да преминете кон решавање на проблемите и поставување на цврста основа за вашиот бизнис.

Темелна анализа на поплаките и жалбите

Добро проценете кој е тој што се жали (нови клиенти, стари клиенти, сите во одреден регион) што точно истите сакаат и што ја предизвикува нивната фрустрација. Најбитно е да увидите што е заедничкото за сите.

Тргнете од изворот на проблемот, тоа може да биде корекција на однесувањето на некој од вработените, реорганизација на некој сектор, или едукација на целиот тим како да промовираат нова линија производи/ услуги на постоечки клиенти.

Анализа на производите

Проверуваајте ги сликите и описите на вашите производи за точност. Внимавајте и на гаранцијата да биде во согласност со индустриските стандарди. Она што маркетингот го ветува треба да е реално. Проблематичната линија на производи треба да биде тргната од пазарот и заменета со подобра и попрофитабилна.

Одржување на ветувањата

Дознајте дали вашата фирма се придржува до распоредите, роковите онака како што им е ветено на клиентите. Пресметајте го процентот на навремените испораки и испитајте ја причината за оние задоцнетите.

Проверете дали притисокот од клиентите го диктира распоредот на промените. Испитајте дали е потребно да ги приоритизирате нарачките од одредени клиенти, врз база на профитната маргина и останите фактори. Поставете правила за производството, комуникацијата, мониторингот и верификувањето на усогласеноста со распоредот.