Како да се спакувате за на пат како вистински професионалец

114

Без разлика на тоа дали патувате приватно или службено, пакувањето на личните предмети е голем предизвик. Постојат неколку трикови што ќе ви помогнат полесно да се спакувате за патување.

Не понесувајте повеќе од она што ви е потребнo

Во зависност од тоа каде патувате, колку време ќе се задржите и што сè ви е потребно, направете список на најважните нешта. Не пакувајте ги оние работи што не ви се неопходни, бидејќи само ќе зафаќаат простор.

Не ги диплете алиштата, туку виткајте ги

Ако имате ограничен простор за складирање, а имате многу облека што мора да ги понесете со себе, тогаш виткањето наместо диплење на алиштата ќе ви заштеди многу место. Виткањето на облеката во форма на ролна, обезбедува повеќе простор во куферот и не ги гужва алиштата.

Користете кеси за вакуумирање

Доколку имате можност, користете кеси за вакуумирање. На тој начин ќе заштедите уште повеќе простор. Во продавниците може да се најдат таков вид на кеси во големина што ви одговара и што може да ја собере во куферот. Така ќе добиете и 50% повеќе простор.

Поситните предмети спакувајте ги соодветно

Чорапите, на пример, се ситни и не зафаќаат многу простор, но сепак треба соодветно да се спакуваат. Исто така, доколку пакувате накит, очила за сонце… бидете внимателни да не ги скршите, па затоа може да ги ставите во џеб од пантолони или меѓу некоја мека облека.

Фото: Pixabay