Како да се справите со криза?

21

Сигурно се прашувате како некои луѓе и покрај сите тешкотии, успеваат да излезат на крај и да бидат победници во ситуацијата.

Како полесно да ги пребродите тешките времиња и да научите важни животни лекции, дознајте во продолжение.

Хумор

Можеби ќе ви звучи лудо, да се смеете кога работите не се за смеење, но хуморот е моќна алатка за справување со кризна ситуација. Обидете се колку можете да ја согледате ситуацијата од поинаков агол и да пронајдете смисла за хумор во хаосот. Смеата го лачи хормонот на среќата, а токму тоа е најпотребно во пронаоѓање на “излез“.

Ментална подготвеност

Секогаш бидете подготвени за најлошото сценарио, но надевајте се на најдоброто. Кога имате план за се што би можело да се случи, односно кога ги држите конците во раце пред да се скинат, ќе знаете што да направите и полесно да се извлечете од ситуацијата.

Кризата како шанса

Тешките времиња се шанса за подобро запознавање на себе, си на својата сила и можност за промена на подобро. Токму во кризните моменти, согледуваме колку сме моќни, мудри и способни да собереме искуство и да продолжиме напред.

Јасна цел

Доколку знаете што точно сакате и барате од животот, кризата многу полесно ќе ја пребродите, водејќи се токму од јасната цел. Кога имате страст за нешто и вистински посакувате да се случи, ниедна препрека на патот нема да биде доволно голема да ве оттргне од походот.