Како да се справите со нарцис на работа

176

narcis

Фото: Pixabay

Постои голема разлика меѓу личност со голема самодоверба и личност која е буквално заљубена во себе и се грижи само за остварување на своите потреби и цели. Големи се шансите да се сретнете со нарцис во вашата компанија, а како да ги извршувате своите работни обврски покрај ваква личност, постојат неколку правила, пишува Business Insider.

Не сфаќајте ги неговите ветувања сериозно

Нарцисите се грижат само за себе, за нив другите луѓе не се реални, туку само пиони кои треба да се поместат и преку нив да го постигнат тоа што го сакаат. Ако сака да направите нешто за него, тој ќе ви го каже она што сакате да го слушнете. Без разлика што тој вели, не го сфаќајте сериозно, бидејќи во моментот кога ветеното не може да го исполни, тој се однесува како да не постоите.

Никогаш не му кажувајте дека греши

Нарцисот не толерира пораз бидејќи тоа му ја уништува грандиозната слика што се обидува да ја претстави за себе. Секој што ќе му застане на патот го третира како непријател што треба да го победи и го омаловажува.

Ако нарцисот губи, тој тврди дека всушност победил, а кога ќе се соочи со докази дека е победен, тврди дека другиот мамел или негира дека се натпреварувал.

Не паѓајте на неговиот шарм

Нарцисот го користи својот шарм кога е во негов интерес за да ги смири емоциите на оние кои ги мамел или излажал.

Сака да се прави великодушен, во јавноста дава поддршка за добротворни цели, но не дава кога мисли дека никој не го гледа.

Работи со своите “пиони“

Нарцисот кој добил моќна позиција во негова околина поставува поддржувачи (често и фамилија) и станува експерт во манипулирањето преку неговата суета.