Не може да смените нечие непристојно однесување, но секако не би сакале истото да влијае на вас. Без разлика дали е тоа странец на улица, колега од работа или завидлив познаник, непристојноста може да се реши на паметен начин.
Не ја сфаќајте лично
Секој може да има лош ден, па реакциите понекогаш да се побрзи од мислите. Доколку не се сфати непристојноста личност, побезболно ќе помине целата ситуација. Можеби личноста која навредува се справува со некој голем личен проблем и во моментот едноставно не знае како да постапи.
Реагирајте смирено
Еден од најдобрите начини да прекинете лошо однесување е да останете смирени, позитивни и пријателски настроени. Тоа ќе ѝ даде на другата личност можност да се смири и да го прилагоди своето однесување во ваша близина. Ако ова не успее, барем ќе бидете горди што не сте се спуштиле на ниво да реагирате непристојно и вие.
Користете хумор
Хуморот може да ја “скрши“ тензијата предизвикана од нечие непристојно однесување. Соодветна шега поврзана со заедничка ситуација или искуство може негативното расположение да го претвори во позитивно.
Разговор во четири очи
Ако непристојното однесување не запира, повикајте ја личноста на разговор и добро објаснете дека тоа не е во ред и ги преминува границите. Можеби тој/таа не се свесни колку нивното однесување лошо влијае на вас, па појаснувањето на ситуацијата може да го реши проблемот.
Игнорирање
Во случај да сте ги испробале сите горенаведени техники, безуспешно, пристапете кон игнорирање на личноста која навредува. Едноставно однесувајте се како да не е во ваша близина. Така ќе нема на кого да ги “истури“ лошите зборови и манири, односно без “публика“ ќе нема цел и поента.
Фото: Pexels